Ник Картер 38-годишниот пејач, кој се прослави како член на групата Backstreet Boys, објави дека неговата сопруга Лорен имала спонтан абортус во вториот триместар од бременоста и дека ја изгубиле неродената ќерка.
Во објавата на социјалната мрежа, тој напиша: „Боже дај ни мир во овој период. Навистина со нетрпение чекав да ја сретнам по 3 месеци. Срцето ми е скршено. „Тоа беше сестричка за Один“.
Парот, кој има 2-годишен син, и претходно се има соочено со спонтан абортус. Ник и Лорен пред две години отворено зборуваа за нивната загуба и за едногодишната борба со неплодноста пред зачнувањето со синот Один.