Светскиот готвач Џејми Оливер ослабе 12 килограми

Познатиот британски готвач Џејми Оливер драстично ослабнал. Џејми, кој е познат по снимените кулинарски емисии, вели дека намалил со јадењето месо и почнал повеќе да консумира овошје и зеленчук. Благодарение на новиот режим на исхрана ослабнал 12 килограми. Црвеното место го заменил со ореви и оттаму вели дека ги добивал потребните протеини.

„Намалив со јадењето месо и почнав да консумирам повеќе овошје и зеленчук. Оревите го намалуваат ризикот од срцев удар за 50%. Ги вклучив во мојата исхрана и во секојдневните оброци. Ви го препорачувам да го направите истото за вас и вашите деца“, изјавил Оливер.

Вишокот килограми кај Џејми првпат бил забележан во 2010 и 2011 година, кога популарниот готвач сакал да снима емисии за дебелината на младите во американските школи. Џејми преку неговата емисија „Револуција во исхраната“, сакал да ги промени животните навики кај младите. Тој тогаш кажа дека вишокот килограми се појавил од постојаното јадење бургери и помфрит.

Вели дека често Американците се потсмевале на сметка на неговата тежина и му доделувале погрдни имиња. Борбата против тежината Џејми никогаш не ја криел. Неговата битка за поздрав начин на исхрана продолжила со снимањето на новата емисија „Оброците на Џејми без месо“. Џејми вели дека намалил и со алкохолот и дека вино пие само преку викенд.

„Просечен Британец пие алкохол речиси секој ден. Не е на мене да ви говорам што да правите, но мојот режим сега ми дозволува да пијам само преку викенд“, изјавил готвачот.

Џејми вели дека не сака драстично да ги менува работите кога станува збор за промена на диетата. Преголемото ограничување на намирници може да резултира со непосакувани последици по здравјето, советува Оливер.

„Изгубив 12 килограми многу брзо. Но, ниту еднаш не се ставив во позиција да гладувам. Јадев понекогаш и по повеќе пати“, вели Оливер.

 

 

Scroll to Top