Таблоидите измислија афера на Џулија Робертс со Шон Пен

By

Приказната со која излезе магазинот Newidea за љубомората на Дени Модер кон својата сопруга Џулија Робертс е целосно измислена пишува Gossipcop.

Според пишувањата на Newidea, Дени бил вознемирен поради пријателството кое актерката го имала со нејзиниот колега Шон Пен. Магазинот пишува дека чашата била прелиена минатата недела кога Џулија и Пен биле видени заедно како се држат за рака на 42 роденден на Крис Мартин во Лос Анџелес.

Таблоидот пишува дека Модер отсекогаш бил љубоморен на пријателството кое Џулија го имала со Пен.

Сепак близок пријател до брачната двојка изјавил дека и покрај љубомората која се јавува кај Дени и која со секој минат ден расте се повеќе и повеќе, тој длабоко во себе знае дека сопругата никогаш нема да го изневери.

„Дени знае дека ништо не се случува меѓу нив двајца и дека таа никогаш нема да го изневери. Но го мрази фактот што Џулија минува многу време со Шон и тоа што постојано си пишуваат пораки на телефон. Сепак и покрај тоа што велат другите, Дени е пријател со Шон и верува во искреноста на сопругата“, вели извор близок до брачната двојка.

 

 

 

Ќе ви се допадне

GoGoAnime gogoanime: Watch Attack on Titan Episode 23 (https://gogoanime.be/m/LZ/ep-23)

4Anime 4anime app ios: Attack on Titan Season 3 Part 2 Episode 10