Тапанарот на „Ролинг стоунс“ итно опериран, морал да се откаже од турнејата

Тапанарот на популарната рок-група „Ролинг стоунс“, Чарли Вотс, бил итно опериран. Операцијата во Лондон поминала успешно, а лекарите велат дека неговите здравствени проблеми биле откриени за време на рутински преглед на сите членови на бендот.

Поради операцијата, Вотск морал да се повлече од турнеите во САД. Бендот закажа турнеја No Filter USA, која ќе почне следниот месец, а Чарли ќе биде заменет со тапанарот Стив Џордан.

„Барем еднаш мојот тајминг е малку лош“, се пошегувал тој по операцијата.

Тој вели дека му паднало тешко тоа што нема да биде со фановите и дека не сакал да се откаже турнејата затоа што тие веќе еднаш го доживеале тоа за време на пандемијата на коронавирусот.

„Работам за да се вратам во форма, сепак морам да ги прифатам советите на експертите, кои рекоа дека моето закрепнување може да потрае. По сите разочарувања од одложувањето на турнејата поради Ковид-19, не сакам фановите на бендот во САД, кои имаат билети, да доживеат уште едно откажување или одложување. Така го замолив мојот пријател Стив Џордан да ме замени“, раскажал Чарли.

Scroll to Top