Светските медиуми пишуваат дека војвотката од Сасекс не ги прекинала сите канали на комуникација со своето семејство откако се омажила за британскиот принц Хари.
Медиумите сега откриле некои нови детали кои докажуваат дека Меган се обидела да се смири со нејзиниот татко Томас Маркл. Тие, според претходните пишувања на британските медиуми, не биле во добри односи.
Но, според блиски пријатели на Меган, таа наводно се обидела преку приватен, мирен пат, да ги реши сите несогласувања внатре во семејството. По венчавката, Меган на својот татко му испратила писмо.
„Тато, срцето ми е скршено. Те сакам. Имам само еден татко. Те молам престани да ме мачиш преку медиумите за да можеме да го поправиме нашето пријателство“, пишува наводно во едниот дел од писмото.
Меган го побарала Томас и пред венчавката, но тој наводно не се јавил, велат пријателите на Меган. Ниту војвотката, ниту некој друг член од кралското семејство сΦ уште се немаат огласено по најновите наводи за писмото. Пријателите на Меган веруваат дека поголеми се шансите прво да се јави некој од нејзиното семејството во САД.
Британските весници минатата година пишуваа дека Меган сe скараla i со нејзината полусестра Саманта. Таа во повеќе наврати изјавила дека однесувањето на војвотката целосно се изменило кон неа и семејството откако влегла во кралската палата.
Саманта во повеќе наврати изјавила дека Меган не сакала да стапи во контакt со нив, а дури напишала и книга во која ги изнела сите семејни тајни. Војвотката досега не се огласувала јавно по повод нивните провокации и навреди.