Тејлор Свифт најави документарен филм за нејзината турнеја

Американската поп пејачка Тејлор Свифт најави дека нејзиниот документарен филм за овогодинешната турнеја ќе започне да се прикажува во кината во октомври.

Таа на социјалната мрежа Икс објави дека филмот Taylor Swift: The Eras Tour за прв пат ќе биде прикажан на 13 октомври.

„Турнејата Ерас беше најзначајното искуство во мојот живот досега. Пресреќна сум што таа наскоро ќе се појави на големото платно“, напиша Сфифт.

Scroll to Top