Тина Тарнер, Лери Кинг, Кирк Даглас, Жак Ширак на листата за мртви во 2019

Сајтот Death list секоја година објавува имиња на 50 славни личности кои се доволно познати за нивната смрт биде објавена во британските медиуми. Веб-страната во 2017 година погоди рекордни 17 смртни случаеви на познатите.

Сајтот постои од 1987 година и секоја година прави листа на познати личности кои би можеле да починат во текот на наредната година. Сега ја објавија и листата за 2019 година. Секоја година тие може да повторат само 25 кандидати од претходната година.

Минатата година фудбалерот Пол Гаскоњ и актерката Џун Браун беа на листата, но двајцата се појавија и на листата за 2019 година. Професорот Стивен Хокинг кој се бореше со тешка болест исто така се најде меѓу познатите чија смрт, сајтот ја прогнозираше во 2018 година.

Џорџ Буш постариот и неговата сопруга Барбара, кој починаа минатата година, исто така се најдоа на оваа листа.

И Стен Ли (96) беше еден од познатите светски стрип уметници, чија смрт ја предвиде овој сајт. Холивудскиот актер Кирк Даглас, кој го прослави 103 роденден се наоѓа на врвот на оваа листа за 2019 година.

Поранешниот премиер на Зимбабве, Роберт Магуабе (94) кој се беше ѝ на листата во 2017 година, по 30 години на власт, е на списокот за можни лица кои ќе починат во 2019 година.

 

 

 

Дезмонд Туту (87) јужноафриканскиот активист и пензиониран англикански надбискуп кој светската слава ја стекна како противник на апартхејдот, се наоѓа на списокот на лица кои ќе починат во 2019 година. Активистот за човекови права, веќе 20 години се бори со рак на простатата.

На оваа морбидна листа се и Хенри Кисинџер (96), Жак Ширак (87), Хари Белафонт (92), Михаил Горбачов (88), Лери Кинг (86), Тина Тарнер (88).

Инаку контроверзниот сајт наведува дека во 2016 година предвидел 12 смртни случаи. На „листата на мртви“ за таа година се наоѓале и Мухамед Али и Фидел Кастро.

Таа година починаа и Дејвид Боуви, Викторија Вуд, Алан Рикман, Принц, Џорџ Мајкл и многу други.

 

 

Scroll to Top