Том Харди доби орден од принцот Чарлс

Холивудскиот актер Том Харди доби кралски орден заповедник од Редот на британската империја, за неговиот придонес во уметноста. Одликувањето го доби од принцот Чарлс во Бакингамската палата во Лондон, Англија. Харди е добар пријател на принцовите Вилијам и Хари. Тој беше и меѓу гостите на венчавката на Хари и Меган Маркл.

41-годишниот Харди е познат по улогите во филмовите „Лудиот Макс“, „Тату“ и „Повратник“. Во моментов е актуелен со филмот „Веном“.

 

Scroll to Top