Том Хенкс и Рита Вилсон се заразиле со коронавирусот во Америка

Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон беа меѓу првите кои јавно објавија дека се заразени со коронавирусот. Тие сега велат дека не знаат кога се заразиле со смртоносниот вирус. Некои од австралиските претставници открија дека двојката или се заразила во Америка или  додека патувала во Австралија.

„Австралиските власти веруваат дека сме се заразиле или во Америка или за време на патувањето во Австралија, каде Хенкс снимаше филм, а јас имав турнеја на која го промовирав мојот нов албум“, открила неодамна Рита.

И Рита и Хенкс редовно ги споделуваа своите искуства за борбата против болеста.

Странските медиуми пишуваа дека глумецот открил уште некои детали за нивното заздравување. Тој изјавил дека Рита имала поголеми здравствени проблеми со респираторната болест.

„Рита помина многу полошо од мене. Имате многу поголема температура и некои други симптоми. Го изгуби чувството за вкус и мирис. Три недели не можеше да ужива во храната“, вели Хенкс, за периодот додека биле во карантин во Австралија.

Глумецот имал полесни симптоми. Тој имал болки во телото и вели дека почувствувал голем замор. Му било тешко да ги изврши и наједноставните вежби. Хенкс се посетил на моментите кога медицинскиот персонал со чудење го гледал кога не можел да направи некои основни вежби.

Иако и двајцата го преболеле вирусот, Рита и Том сè уште не знаат кога и како се заразиле. На крајот двојката оздрави и се врати во Лос Анџелес. Двајцата беа во карантин две недели, а потоа и во самоизолација во својот дом.

Scroll to Top