Том Хенкс откри како се чувтвува две недели по дијагнозата

By

Познатиот американски актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон, порачаа дека се чувствуваат добро, откако две недели беа во болница и самоизолација поради заразата со коронавирусот.

„Еј, друштво, поминаа две недели откако ги добивме првите симптоми и подобро ни е“, објави актерот во пораката на обожавателите на социјалните мрежи.

Хенкс и неговата сопруга се разболеа за време на снимање на биографски филм за Елвис Присли во Австралија.

Двајцата беа во болница, а поедна недела беа пуштени во самоизолација. Снимањето, во меѓувреме беше запрено.

Во денешното обраќање, Хенкс, исто така ги повика фановите да ги слушаат советите за сузбивање на пандемијата.

„Кога ќе се изолирате, не го пренесувате вирусот на никого, ниту некој го пренесува на вас. Звучи разумно, зар не?“

„Малку ќе потрае, но доколку се грижиме едни за други и си помагаме кога можеме и да се откажеме од комоцијата… брзо ќе помине. Го можеме ние тоа“, порачал актерот.

Сподели

Ќе ви се допадне