Том Круз e заљубен во дваесет години помладата колешка од „Невозможна мисија“

Холивудскиот актер Том Круз е заљубен во неговата колешка Хејли Атвел, со која заедно глуми во „Невозможна мисија 7“ . Медиумите пишуваат дека двајцата се веќе подолго време во врска.

Атвел е првата девојка со која Том бил виден заедно во јавност, по разводот од Кејти Холмс во 2012 година. Хејли е дваесет години помлада од Том Круз и двајцата беа главна тема на папараците и медиумите за време на снимањето.

За потсетување, Том беше главна тема и по скандалот што се случи со неговите соработници за време на снимањето минатата година, кога им се закануваше со откази затоа што не ги почитувале мерките против коронавирусот.

Scroll to Top