Том Круз ќе ја киднапира ќерка му за да ја однесе во Скиентолошката црква

Холивудскиот глумец Том Круз има во план да ја киднапира неговата ќерка Сури Круз и на сила да ја воведе во Скиентолошката црква. Ова го тврди глумицата Лија Ремини, која исто како Том порано била дел од контроверзниот култ.

Сури Круз е ќерката на Том Круз, која глумецот ја доби во бракот со Кејти Холмс. Ремини, која е позната по улогата во серијата „Кралот на Квинс“, неодамна во интервју за „Њујорк пост“, ги открила злобните планови на нејзиниот колега.

„Сциентолозите сметаат дека Кејти Холмс им е непријател и затоа Том, како и останатите сциентолози, сметаат дека не би требало да има никаква врска со Сури. Сигурна сум дека Том има пеколен план, да почека Сури да порасне малку за да ја одвои од мајка ѝ“, изјавила Ремини.

Ремини е поранешна следбеничка на Сциентолошката црква, која ја напуштила во 2013 година. Во документарецот Leah Remini: Scientology and the Aftermath, таа открила досега непознати работи за овој контроверзен култ.

„Кејти ја познавав кога беше во Скиентологијата и изгледаше дека е многу присутна во светот на Том, но како времето поминуваше, разбрав поради што таа го направи сето тоа со цел да ја заштити својата ќерка. Претпоставувам дека постои некаков вид на договор за да го заштити своето дете“, додала таа.

Откако Кејти Холмс и Том Круз се разведоа пред шест години, глумицата добила целосно старателство над нивната ќерка Сури. Причината зошто Кејти го напуштила Том и Сциентолошката црква таа никогаш не ги открила. Но, изјавила дека живее неоптеретна со себе и другите.

Кејти изјавила дека не се плаши од ништо и дека не живее по ничии правила.

Scroll to Top