Трамп го поздрави ослободувањето на американски рапер од шведски затвор

By

Американскиот рапер А$AP Роки, кој на почетокот на јули беше уапсен поради улична тепачка, пресудата која треба да биде објавена на 14 август ќе ја дочека на слобода. Одлуката на шведскиот судија ја поздрави и американскиот претседател Доналд Трамп.

„A$AP е пуштен од затвор и од Шведска е на пат кон САД“, напиша на својот „Твитер“ профил, американскиот претседател Доналд Трамп.

По речиси месец дена во затвор, музичарот Раким Мајерс излезе на слобода. Тој изјави дека ќе се врати во Америка.

Шведскиот судија одлучил да го ослободи Мајерс до објавување на пресудата на 14. август. Мајерс заврши во шведскиот затвор на 3 јули поради улична тепачка, заедно со својот телохранител и двајца придружни членови. Мајерс е обвинет за нанесување на тешки повреди откако на интернет се прошири снимка од Стокхлом, на која се гледа како Мајерс удира друг маж.

Раперот на својот „Инстаграм“ исто така ја објави снимката за која тврди дека настанала пред тепачката, а напишал дека претходно некое време бил следен од група наркомани.

„Неколку наркомани не се мои фанови. Не ги познаваме и не баравме проблеми, а тие не следеа низ четири блока и ги удираа девојките“, напишал Мајерс.

 

 

 

Ќе ви се допадне