Трамп ја смета Меган за злобна личност

Американскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на својата посета на Велика Британија, во едно свое интервју за британски „Сан“, ја нарекол војвотката од Сасекс Меган Маркл дека е злобна личност.

Во интервјуто во кое Трамп зборувал за „Брегзит“ и британската премиерка Тереза Меј, го споменал и кралското семејство, особено Меган Маркл.

„Не знаев дека може да биде толку злобна“, му одговорил Трамп на новинарот на британски „Сан“, откакко бил запрашан да ја коментира изјавата на Меган во 2016 година за време на претседателската кампања. Меган ја поддржала Хилари Клинтон, а изјавила дека ако Трамп стане претседател, таа ќе се пресели во Канада.

Од Бакингемската палата, засега немале коментари за ова интервју на Трамп и коментарите дадени за Меган.

 

 

Scroll to Top