Трамп: САД нема да им го плаќа обезбедувањето на Хари и Меган

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да им го плати обезбедувањето на британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган. Според пишувањата на „Ројтерс“, двојката неодамна се пресели во Лос Анџелес.

„Сега од Канада се преселија во САД. Сепак САД нема да им плаќа за нивното обезбедување. Мораат самите да си го платат“, напиша Трамп на „Твитер“.

Хари и Меган во јавнуари соопшрија дека се откажуваат од своите активности во рамки на кралското семејство за да можат финансиски да се осамостојат.

Scroll to Top