Трансродна блогерка ќе биде водителка на Евросонг во Ротердам

By

Холандската шминкерка и блогерка за убавина Ники де Јагер, позната како Ники Туторијалс, ќе биде една од водителките на изборот за песна на Евровизија што во мај ќе се одржи во Ротердам. Ники неодамна призна дека на почетокот на кариерата криела дека го сменила полот и откри дека е трансродна.

Таа ќе известува за Евровизија преку интернет, ќе снима посебни видеа на „Јутјуб“ од зад сцена со натпреварувачите, ќе известува од црвениот тепих за време на церемонијата на отворањето и ќе учествува во сите три емисии во живо. Минатогодишниот евровизиски победник Данкан Лоренс откри дека негова желба била јутјуб-ѕвездата да биде меѓу водителите на шоуто.

Оваа вест ја објави и официјалниот евровизиски сајт, кој наведува дека се пресреќни со изборот бидејќи Ники има 13 милиони следбеници на „Јутјуб“, 13.8 на Инстаграм, дека во моментов е најголемата холандска интернет-ѕвезда, но и дека нејзината популарност ги надминала границите на државата, бидејќи таа ги шминкала Лејди Гага, Ким Кардашјан, Џеси Џеј и други.

 

Ќе ви се допадне