Третман со матични клетки за вечно млади е новиот тренд на славните

Познатите личности трошат луди суми на различни третмани за подмладување, а најновиот тренд, пишува „Мирор“, е третманот со матични клетки.

„Ѕвездите имаат огромна побарувачка за третмани кои ќе ги направат вечно млади. Некои ѕвезди дури ја истражуваат можноста за бесмртност“, изјавил кардиологот Ернст Фон Шварц во интервју за „Мирор“.

„Денес имаме средства кои можат делумно да ги поништат ефектите од стареењето. Еден од начините е третман со матични клетки. Ѕвездите добиваат инјекции на лицето пред да се појават на црвениот тепих. Затоа изгледаат толку млади и убави. Веднаш се помлади за пет години“, изјавил докторот.

Тој не сакаше да открие кои ѕвезди ја проучуваат можноста за бесмртност кај луѓето, но смета дека овој концепт е недостижен.

„Луѓето отсекогаш биле заинтересирани за тоа. Јас лично не верувам дека тоа е можно, но на луѓето можеме во блиска иднина да им го продолжиме животниот век до 150 години“, вели Шварц.

Тој нагласува дека не постои магичен лек за да се запре стареењето и дека има ризици со третманот со матични клетки.

„Не е одобрен во САД и не е покриен со осигурување. Исто така, не секој е погоден за овој вид третман“, рекол докторот.

Меѓу ѕвездите кои го пробале овој третман наводно се Џенифер Лопез, Кејт Бланшет, Кетрин Зета-Џонс, Ким Кардашијан.

Scroll to Top