Уапсен поранешниот партнер на Џорџ Мајкл

Поранешниот партнер на починатиот пејач Џорџ Мајкл, Фади Фаваз (46), беше уапсен во вторникот вечерта бидејќи ја испокршил неговата вила во Лондон, пишува „Сан”. Соседите им рекле на полициските службеници дека виделе човек без маица што стоел на покривот на вилата.

Кога полицајците пристигнале, на покривот немало никој, а Фаваз бил во куќата во која искршил мебел, уметнички слики и друго. Тој бил одведен во полициска станица во Лондон на испитување. Според полицискиот извештај, направената штета е огромна.

По смртта на Џорџ Мајкл во 2016 година, Фади продолжи да живее во неговата раскошна вила. Џорџ не му остави на Фади ништо од својот имот, кој се проценува на 100 милиони евра.

 

Scroll to Top