Убиен глумец од филмот „Треинспотинг“

Глумецот Бредли Велш (42) почина синоќа, откако беше убиен во престрелка во Единбург, Шкотска. Велш беше застрелан на улица каде што го најде брза помош. Полицијата ги бара напаѓачите, пишува „Дејли мејл“. Актерот, кој го глумеше Мистер Дојл во „Треинспотинг 2“, беше боксерски шампион во Велика Британија во лесна категорија, а Дани Даер го угости во неговото шоу за најопасните луѓе.

Фановите се простуваат од глумецот на социјалните мрежи, а меѓу нив е и Ирвин Велш, кој го напиша „Треинспотинг“.

„Збогум мој прекрасен пријателе. Ти благодарам што ме направи подобар човек и ми помогна да го видам светот на поблаг и помудар начин“, напиша Велш.

Други, пак, ја пофалија неговата добротворна работа, но и улогата што ја имаше за развој на аматерскиот боксерски свет во Шкотска.

 

Scroll to Top