Порториканскиот пејач Кевин Фрет е убиен вчера рано изутрина со осум куршуми. Според светските медиуми, непознато лице пукало во него додека се возел на својот мотоцикл во Сан Хуан, околу 5:30 часот по локално време. 24-годишниот пејач починал во медицинскиот центар во Рио Пиедрас. Тој е првиот отворен геј-пејач на латиноамериканскиот трап, па медиумите пишуваат дека токму тоа е причината за убиството. Полицијата го истражува случајот и засега нема осомничени.