Убиен раперот Треј Севиџ

26-годишниот рапер Треј Севиџ е убиен во престрелка во Чикаго. Тој бил погоден во главата и рамото додека се возел во својот автомобил. Севиџ починал од повредите, иако веднаш бил пренесен во универзитетската болница во Чикаго, пишуваат американските медиуми.

Севиџ, чие вистинско име е Кентреј Јанг, ја возел дома неговата девојка кога се случила престрелката, пренесува „Е! Њуз“. Тие се повикуваат на очевидци, кои рекле дека виделе бел автомобил како  се оддалечува од местото каде што е пукано. Полицијата за сега нема осомничени.

Севиџ беше член на „Чиф Киф“, кои беа најпознати по песните Faces и I Got the Mac.

Scroll to Top