Вал Килмер во битката со ракот на грлото го изгуби гласот

Глумецот Вал Килмер со години ги избегнуваше разговорите пред камерите и ретко зборуваше за својата болест, но овој пат за емисијата „Добро утро Америка“, тој призна детали од таа негова борба, пишува „24часа.хр“.

Тој веќе неколку години се бори со тешката болест, ракот на грлото, а низ интервјуата објасни дека му било тешко да зборува. Битката вели ја добил, но мроал да направи бројни операции и дека му отекле жлездите.

„Се чувствувам многу подобро отколку што звучам. Се чувствувам убаво. Ми дијагностицираа рак на грлото и брзо се опоравувам. Но, морав да направам трахеотомија, благодарение на која денес живеам, затоа што жлездите во грлото ми отекоа“, изјавил Килмер.

Глумецот се пошегува велејќи дека му недостасува стариот глас, особено тоа што сега не може да се смее како пират.

Дека две години се бори со ракот на грлото откри пред три години, а во текот на лечењето направи трахеотомија, хемотерапија и зрачење. За да најде внатрешен мир, додека се борел за својот живот, тој објасни дека се свртил кон верата и преку молитвите барал да оздрави.

„Во ремисија сум веќе четврта година и благодарен сум што не се врати“, истаканал Килмер во своите мемоари.

Тој во моментов ги промовира своите мемоари ‘I’m Your Huckleberry, во кои откри разни пикантерии од својот љубовен живот, открил дека Анџелина Џоли е анѓел, но и раскажал за жената која најмногу му го скршила срцето. Станува збор за глумицата Дерил Хана.

Scroll to Top