Вдовицата на Хју Хефнер ужива со новиот дечко

Вдовицата на Хју Хефнер, Кристал Харис, конечно, повторно ја пронајде љубовта, три години по смртта на сопругот, основачот на „Плејбој“, со новото момче по име Натан Леви.

Кристал (34) е снимена на одмор со Натан (32), инженер за вселенски бродови од Лос Анџелес, додека уживаат во хотелот со пет ѕвезди „Каза де Мита“ во Пунта де Мита, Мексико, во понеделникот. Расположена Кристал, облечена во жолто бикини, разменувала нежности со новиот избраник.

Поранешниот зајачица на „Плејбој, беше во брак со Хефнер од 2012 година сè до неговата смрт на 91-годишна возраст на 27 септември 2017 година.

Хју Хефнер беше постар од Кристал 60 години.

Scroll to Top