Сопругата на британскиот фудбалер Вејн Руни, 33-годишната Колин, летово го остави својот сопруг сам во Америка, со список на забрани и упатства за тоа како треба да се однесува во периодот додека ја нема.
Колин одморот ќе го мине сама во родниот град Лондон, а Руни ќе остане во САД каде ќе мора да ги исполни обврските кои ги има кон клубот.
За целиот тој период поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед ќе има стриктни задачи што треба, а што не треба да прави. Колин вели дека ќе го проверува секој ден дали ги исполнува наведените упатства.
Американските медиуми пишуваат дека ваквата состојба следувала по неколкуте инциденти што му се случија фудбалерот. Медиумите прво го обелоденија скандалот во кој Руни се забавувал во доцните часови со една келнерка. Двајцата биле во алкохолизирана состојба.
Само неколку недели подоцна фудбалерот бил уапсен во алкохолизирана состојба на аеродром. Ова не бил ваков прв инцидент за фудбалерот. Англичанецот и претходно бил уапсен во 2017 година.
Поради големиот број испади на Руни, Колин решила да му напише одредени забрани и упатства кон кои нејзиниот сопруг мора да се држи.