(Видео) 18 минути без да биде боцната: Анџелина Џоли позираше за Денот на пчелата

За Светскиот ден на пчелата холивудската актерка Анџелина Џоли (45) позираше целата покриена со пчели по телото и лицето. Таа издржа осумнаесет минути без да биде боцната, а портретот го направи со цел да ја подигне свеста кај луѓето за важноста на пчелите за планетата.

Познатиот американски фотограф Ден Винтерс вели дека неговата главна грижа била сигурноста на Џоли.

„Јас сум пчелар и кога ја добив задачата да работам со Анџелина, моја главна грижа беше нејзината сигурност. Сликањето за време на пандемијата, со бројна екипа и живи пчели, тоа ми создаде слика и комплекс на егзекуција“, објаснил Винтерс.

Тој вели дека ја користел истата техника што ја користел и Ричард Аведон (1923-2004) пред 40 години кога го направил неговиот историски портрет на пчелар. За сликањето вели дека користеле италијански пчели и дека освен Џоли, сите морале да носат заштитни одела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dan Winters (@danwintersphoto)

„Атмосферата беше многу тивка и мрачна, за да можат и пчелите да бидат мирни. Нанесов феромон на местатата на нејзиното тело каде што сакав да се соберат пчелите. Тие беа привлечени од супстанцата и не можеа да се ројат“, вели Винтерс.

„Џоли стоеше мирно 18 минути без да биде боцната. Да се биде во близина на пчеллите секогаш претставува искуство што ме остави зачуден. Мислам дека ова снимање исто така предизвика стравопочит за сите присутни, а нашата понуда за Светскиот ден на пчелата има свои корени во историјата на фотографиите. Создавајќи го овој портрет, точно 40 години по портретот на Аведон, сакаме да оддадеме почит не само на пчелите и пчеларите, туку и на самиот Аведон и неговата историска фотографија и техника која тој ја постигнал. Среќен ден на пчелите“, изјавил Винтерс.

Џоли долго време е вклучена во акциите на UNHCR, како нивен специјален претставник, а сега исто така соработува и со УНЕСКО. Таа работеше на иницијативата „Жените за пчелите“, во чии рамки треба да се изградат 2.500 пчеларници и да се обноват 125 милиони пчели до 2025 година.

Исто така во план е да се обучуваат и да се поддржат педесетина жени, кои се занимаваат со пчеларство. Џоли го направи овој портрет во соработка со „Национал географик“.

Scroll to Top