Светската ѕвезда Андре Риу, познат и како современ крал на валцерот, со видео порака во која ја неговиот оркестар ја свири песната „Македонско девојче“, го најави големиот концерт во Скопје.
„Мојот фантастичен оркестар и јас сме особено почестени што првпат доаѓаме во вашата убава земја Македонија. Затоа ќе ви го отсвириме ова. Се гледаме на концертот“, вели Риу.
Холандскиот музичар на со својот приватен оркестар на 6 јуни првпат ќе свири во Македонија. Билетите за концертот се скоро распродадени. Организатор на концертот е „Пасворд продукција“.