(Видео) Андреа Бочели со синот: Фантастична изведба на хитот „Fall on me“

По импресивниот концерт за католичкиот Велигден, легендарниот тенор Андреа Бочели овој пат гостуваше во емисијата на водителот Џејмс Корден. Познатиот Италијанец заедно со својот син Матео го изведе хитот „Fall on me“.

Бочели Јуниор е зад клавирот, на кој свири во семејниот дом, а потоа и почнува да пее во друштво со неговиот славен татко.

Дека Андреа и Матео навистина направија фантастична работа, сведочат и бројните позитивни коментари на Јутјуб.

„Каков татко, таков син. Талентот и добриот изглед мораат да бидат дел од ова семејство. Една од најубавите песни која некогаш е напишана. Ти двајца заедно се рај за слушање“, гласеа само некои од коментарите.

Scroll to Top