(Видео) Бен Афлек до син му: Ако сакаш патики од 6.000 долари, ќе мора многу трева да искосиш

Холивудската ѕвезда,актерот Бен Афлек ја воодушеви јавноста со својот родителски пристап кога неговиот 13-годишен син Семјуел изрази желба да купи патики кои чинат 6.000 долари.

И покрај тоа што поседува богатство проценето на 150 милиони долари, Афлек не им дозволува на своите деца да добијат речиси сè што сакаат без напор.

Ова стана јасно во вирално видео од конвенцијата за патики во Лос Анџелес, каде Афлек беше со својот син, Семјуел.

Додека Семјуел гледал патики, посебно внимание му привлекле патики најк, од моделот „Dior Air Force 1“ чија цена достигнува шест илјади долари.

Еден од присутните во видеото коментира дека актерот сигурно не бил воодушевен од идејата, на што Афлек дал совршено едноставен, но ефикасен одговор: „Тоа се многу тревници за косење“.

Синот се обиде да се одбрани велејќи дека патиките му се допаѓаат не само поради цената туку и поради изгледот: „Не, навистина се добри! Отсекогаш сум велел дека ми се допаѓаат“.

Но, тато Бен остана на својот став – луксузот треба да се заработи.

 

@gotsole Ben Affleck might have to buy his son Dior 1’s 👀 #sneakers #fyp #BenAffleck ♬ original sound – Got Sole

Моментот одекна кај обожавателите кои отидоа на „TikTok“ за да го пофалат родителскиот пристап на Афлек. „Вредиш стотици милиони и рече не. Нека ги заработи, добар татко“, напишал еден корисник. Друг додаде: „Браво, така се воспитува дете“.

Афлек и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер заедно имаа три деца – Вајолет (19), Серафина (16) и Семјуел (13). Иако се разведоа во 2015 година, по десет години брак, продолжија да работат заедно како родители.

Scroll to Top