(Видео) „Бев малтретирана, давена и тепана“, Парис Хилтон проговори за траумите од детството

Познатата американска пејачка, модел и бизнис-жена по две децении се отвори и проговори за силните трауми што ги доживеала како дете. Хилтон во новиот филм што го сними – This is Paris, откри како била малтретирана како тинејџерка додека живеела во Јута.

„Толку долго ја закопував вистината. Тоа се случи во доцните 90-ти, но јас сум горда на себе за тоа  каква жена станав. Моите родители беа строги, а јас бев бунтовник, ме казнуваа, ми ги земаа картичките, телефонот, но не успеаја да ме задржат“, изјавила Парис.
Таа откри дека нејзините родители ја испратиле во интернат, каде што останала 11 месеци и каде што го подобрила своето однесување.

„Требаше да одам училиште, но не се случи тоа. Во интернатот на секое будење одговорните ми викаа в лице и тортурата беше константна“, вели Парис.
„Тие ме малтретираа, а мислам дека нивната цел беше да ме скршат. Ме тепаа, давеа и сакаа да создадат страв кај мене за да бидам послушна. Го мразев мојот живот“, открива Парис.
„Разговарав со моето семејство еднаш на секои три месеци. Сакав да им пишам за тоа што ми прават, но ми рекоа дека никој нема да ми поверува“, вели Парис, која открила дека го напуштила училиштето на 18 години.
Хилтон вели дека ќе се бори ваквите институции слични на онаа во која таа го минала детството да бидат затворени засекогаш.
Scroll to Top