По долга пауза од јавната сцена, американскот кантавтор Боб Дилан се појави во емисијата на американскиот водител Џими Фалон каде не проговори ниту еден збор. Дилан го искористи шоуто за промоција на својата линија на виски Heaven’s Door.
Славниот пејач му се приклучи на познатиот водител во однапред снимен спот, во кој двајцата гледаат во изведувањето на точката на Big Apple Circus, а истовремено се опуштаат со чаша виски.
Како што пренесуваат американските медиуми, станува збор за една од најнеобичните реклами за виски снимени досега. Во позадина се слуша музика на Ерик Сатиј, а членовите на Big Apple Circus изведуваат различни видови вратоломии.