(Видео) Бред Пит се маскираше како советник во Белата куќа, па го исмеваше Трамп

Глумецот Бред Пит се маскираше како еден од советниците на Доналд Трамп во Белата куќа и се пошегува на сметка на претседателот, по неговата изјава и совет, луѓето да вбризгуваат во себе дезинфекциско средство.

Пит во емисијата Saturday Night Live се преправи во лекарот Ентони Фучи, советникот во Белата куќа, кој го советува Трамп во борбата против пандемијата на коронавирусот. Фучи во еден момент изјави дека имал желба Бред Пит да го глуми во некои од своите филмови.

„Кога претседателот ќе каже дека сите можете да се тестирате, тоа всушност значи, никој“, изјави Пит во улога на доктор.

Пит ги анализираше и исмеа изјавите на Трамп кои ја вознемирија светската јавност. Доналд Трамп минатата недела предложи дека коронавирусот треба да се лечи со вбризгување на дезинфекциско средство на болните. Ваквата изјава ја згрози јавноста и предизвика осуда од светската здравствена заедница.

Scroll to Top