(Видео) Бред Пит тајно ја реновираше гаражата на неговата шминкерка

Холивудската ѕвезда Бред Пит ја изненади својата долгогодишна пријателка и шминкерка откако ја реновираше нејзината гаража и од неа направи апартман за гости. Бред ова го направил тајно, додека таа била надвор од градот.

„За време на реновирањето, Бред се спријателил со целата екипа што ја преуредуваше гаражата. Сакаше сите да се чувствуваат пријатно, а тој покажа вистинска желба да ги запознае“, рекол авторот на емисијата Property Вrothers, Дру Скот, кој го снимал процесот на реновирање.

Тој за магазинот „Пипл“ открил и дека откако ја завршиле работата, Бред на сите од екипата им се обратил по име.

„Мислам дека сакаше да им покаже колку е благодарен за тоа што го направија. Беше господин во вистинска смисла“, додал Скот.

Освен Бред Пит,  оваа сезона во емисијата ќе има уште неколку ѕвезди, меѓу кои Мајкл Бубле, Ребел Вилсон, Џереми Рејнер и Мелиса Макарти.

Scroll to Top