(Видео) Британскиот премиер, Борис Џонсон, заразен со коронавирус

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, е заболен од коронавирус и се наоѓа во самоизолација, но сè уште ќе ја врши функцијата.

„Во текот на последните 24 часа развив благи симптоми и се тестирав за коронавирус, а резултатот е позитивен“, рече Џонсон. „Сега сум во самоизолација, но ќе продолжам да работам во борбата против вирусот преку видео-конференциска врска“, објави Џонсон на „Твитер“.

Пред два дена и крлското семејство објави дека принцот Чарлс е позитивен на коронавирус и дека се наоѓа во самоизолација во замок во Шкотска.

Scroll to Top