(Видео) Де Ниро го откачи Федерер: Не ми се допаѓа Швајцарија, нема драма

Тениската ѕвезда Роџер Федерер и холивудската легенда Роберт Де Ниро, снимија спот со кој го промовираат туризмот во Швајцарија. Видеото е снимено неодамн, откако Федерер беше прогласен за нов амбасадор на швајцарскиот туризам.

Во видеото, што има преку 11 милиони прегледи, Федерер го убедува Де Ниро да снимат спот за Швајцарија, но акртерот го одбива велејќи дека земјата е „совршена, во неа сè е идеално и нема драма“, па тоа не одговара на неговиот актерски сензибилитет.

Федерер на разни начини се обидува да го убеди Де Ниро да дојде во Швајцарија, па му нуди скијање, скокање со падобран, и прошетка на фармите со крави. Но, Де Ниро останува на своето: „А да му се јавиш на Хенкс?“ вели тој на крајот.

„Кому?“ прашува Федерер на крајот од промотивниот спот.

Scroll to Top