(Видео) Деми Ловато му скрши заб на својот тренер

Американската пејачка Деми Ловато на социјалните мрежи објавила видео од својот утрински спаринг-тренинг со нејзиниот тренер. На видеото таа го удрила Џеј Глејзер толку силно што тој останал без заб.

Снимката од вежбалницата  пејачката ја објавила на својот инстаграм-профил и објаснила дека Глејзер и покрај тоа што носел заштита за заби, до незгодата дошло поради силината на ударот.

„Буквално му го скршив забот за време на утринскиот тренинг, иако носеше заштита за заби. Извини Џеј. Тренеру кога е мојата прва борба?“, напишала Ловато на Инстаграм.

Scroll to Top