(Видео) Денис Родман учествувал во грабеж на продавница

Поранешниот кошаркар на „Чикаго булс“, Денис Родман, е обвинет за грабеж на продавница за облека, заедно со уште три други лица. Американските медиуми објавија видео од продавницата на кое се гледа дека Родман, со две жени и еден маж влегол во продавницата и почнал да го одвлекува вниманието на вработените. За тоа време, една од жените почнала да ги става работите во торбата. Мажот, пак, фрлил кристали на подот и на тој начин го привлекол вниманието на вработените.

Медиумите пишуваат дека тие украле облека во вредност од околу 500 долари.

„Смешна сума, имајќи предвид дека поранешниот соиграч на Мајкл Џордан од најдобрите години во ‘Чикаго Булс’ заработуваше милиони долари“, стои во текстот.

Scroll to Top