(Видео) Џеси Џеј се враќа на музичката сцена

Британската пејачка Џеси Џеј по три години се враќа на музичката сцена. Таа неодамна ја претстави песната „Real Deal“, а денеска и спотот за песната „Think About That“ со која го најавува излегувањето на нејзиниот следен албум „R.O.S.E.“.

„R.O.S.E.“ што е кратенка од „Realizations, Obsessions, Sex and Empowerment“ ќе биде четвртиот студиски албум на Британката. Таа изјави дека решила албумот да го именува спорен нејзината мајка Роуз.

„Розата е најубава кога почнува да цвета, а јас се издигнав над болката. И розите се подарок што се дава на луѓето. Ова е мојот подарок за вас“, рече 29-годишната пејачка.

Scroll to Top