(Видео) Џулија Робертс, Џорџ Клуни и режисерот на „Мама Миа“ прават филм за сите мајки

By

Холивудските актери Џорџ Клуни и Џулија Робертс ќе глумат во филмот Ticket To Paradise, романтична комедија во режија на Ол Паркер, режисерот на мјузиклот „Мама Миа“ и Here We Go Again.

Клуни и Робертс ќе толкуваат улога на разведен пар, кој што патува на Бали за да ја спречи ќерка си да ја повтори истата грешка што тие ја направиле пред 25 години.

„Романтичната комедија, која повторно ќе ги спои Клуни и Робертс, ќе биде филм наменет за сите мајки“, изјави режисерот.

Џорџ и Џулија и претходно сме ги гледале заедно на филмското платно во филмовите Ocean’s Eleven и Ocean’s Twelve, но и во режисерското првенче на Клуни – Confessions of a Dangerous Mind и во трилерот што го режира Џоди Фостер – Money Monster.

 

Ќе ви се допадне