(Видео) Доналд Трамп кандидат за најлош сопруг

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е главен кандидат во трката за најлош сопруг. Тој досега не се покажа како идеален сопруг и не престанува да изненадува со своите однесувања кон сопругата Меланија.

За време на неговиот престој во Флорида, новинарите го прашале што ѝ купил на Меланија за Божиќ.

„Тоа е тешко прашање. И земав убава честитка и многу љубов“, одговорил Трамп и признал дека сеуште работи и мисли на божиќниот подарок.

Со овој одговор многумина во САД, го сместија на врвот на листата за најлош сопруг во светот.

Многумина коментираат дека двајцата ретко кога изгледаат блиску и заљубено. Ретко кога се допираат, а во повеќе наврати сме ја виделе Меланија како одбива да му подаде рака. Неодамна Трамп тргна да се качи во хеликоптерот, забравајќи на Меланија и на тоа дека треба да ја почека.

Во Америка традиција е за Божиќ, најрадосниот христијански празник, да му се подари подарок на некоја драга личност, било да е тоа и ситница, па оттука ретко кој помислил дека Трамп може да заборави да ја израдува Меланија за божиќните празници.

Трамп подоцна потсети дека тој и неговата сопруга, без разлика на сè и понатаму се сакаат.

„Ние се сакаме во семејството. Имаме одличен однос и се надевам дека и вие исто така имате ист однос со своите сопружници. И понатаму се радувам на божиќните подароци. Има уште малку време. Нема многу, но има време“, изјавил Трамп.

Ова не е првпат претседателот да заборави да купи подарок за Меланија. Минатата година кога првата дама наполни 48 години, претседателот изјавил дека ѝ купил само честитки и цвеќе, затоа што бил премногу зафатен.

„Подобро да не го споменуваме тоа, затоа што можам да западнам во невоља“, изјавил Трамп.

Трамп и Меланија подоцна им посакаа на сите Американците среќен Божиќ.

„Претседателот и јас сакаме на секој Американец да му посакаме среќен Божиќ“, изјави во видеото првата дама на САД, кое било снимено во Белата куќа.

„Упатуваме посебна молитва за оние припадници на воената служба, кои се стационирани далеку од дома и повторно изразуваме надеж за мир меѓу народите и радост во светот“, истакнала Меланија во пораката.

Доналд Трамп и сопругата за бадниковата вечер присуствуваа во баптистичка црква, а потоа празникот го прославија со вечера во салата во еден приватен клуб на Флорида.

За време на бадниковата вечер, Трамп преку телефонски видео-повик, поразговарал со група војници стационирани во Авганистан, Кувајт, Аденскиот залив и припадниците на „Ер Форс“ во Мисури и крајбрежната стража на Аљаска.

Ги пофали за нивните напори во борбата против последниот калифат на Исламската држава и убиството на нејзиниот лидер Абу Бакр ал Багдадиј.

Исто така ги истакнал економските успеси во САД и најави раст на платите на војниците по Нова година.

 

Scroll to Top