Американската актерка Ева Лонгорија изминатата недела беше во посета на Париз по повод Модната недела. Друштво ѝ правеше нејзиниот петнаесетмесечен син Сантијаго.
Откако стана мајка, ѕвездата од „Очајни домаќинки“ и нејзиниот син Сантијаго се неразделни. Таа го носи со себе, без разлика дали станува збор за патувања или работни обврски.
Лонгорија сподели на „Инстаграм“ моменти од прошетките низ француската метропола на „Инстаграм“.
Таа неодамна сними фотосесија за „Parents“ со Сантијаго. Отсекогаш важела за убава жена, ама мајчинството ја направи прекрасна, пишуваат светските медиуми.