(Видео) Гвинет Палтроу продава фустан стар 20 години, парите ќе ги донира

Глумицата Гвинет Палтроу го продава 20 години стар фустан, а парите, како што вели, планира да ги донира. Фустанот кој Гвинет сака да го продаде на аукција е креација на „Калвин Клаин“, а со истиот тој фустан, глумицата се појави на доделувањето на Оскарите во 2000 година.

Парите од уникатниот дизајнерски фустан таа ќе ги донира за помош на сите кои се погодени од коронавирусот. Гвинет во 2000 година ги воодушеви сите со својата елеганција и едноставен фустан.

Глумицата вели дека ја одбрала оваа креација, затоа што смета дека сега е вистинското време. Таа вели дека модата од 90-тите години се врати на сцената и сега е популарна од кога било претходно. Овој гест не им се допадна на сите нејзини фанови. Многумина ја критикуваа дека ова е лош начин за да помогне во светската здравствена криза.

„Ако сакаш да помогнеш едноставно помогни, не барај пари за фустанот. Во едно од нејзините интервјуа, таа изјави дека тоа и бил најлошиот фустан кој некогаш го носела, затоа сака и да го продаде. Донирај пари, а не фустан кој повеќе не сакаш да го носиш“, биле само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Scroll to Top