(Видео) Хари и Меган ја купиле куќата на Мел Гибсон за 12 милиони фунти?

Поранешната кралска двојка Меган Маркл и нејзиниот сопруг Хари ја купиле куќата на холивудскиот глумец Мел Гибсон за 12 милиони фунти, пренесуваат светските медиуми. Како што пренесуваат медиумите, поранешната кралска двојка, повторно има желба да се врати во Канада, во градот Ванкувер, каде живее Мел Гибсон.

Куќата на режисерот има пет спални соби и базен, а Хари и Меган сметале дека тоа е идеално место каде можат да имаат целосна приватност. Локалната агентка за недвижности во Лос Анџелес, Андреа Пилот, во една од своите објави на „Инстаграм“, пред да ја избрише, напишала дека Хари и Меган ја купиле куќата на Гибсон.

„Голема е веста дека принцот Хари и Меган ја купуваат куќата на Мел Гибсон. Од компанијата која продава недвижности не ја потврдиле веста дека двојката ја купила куќата, но извор за странските медиуми, изјавил дека имотот е веќе продаден.

„Многу е убава куќата, па можеби отишле само да ја погледнат и да ја купат. Таму имаат целосна приватност, а на пазарот нема ништо слично вакво“, објаснил изворот.

За потсетување Хари и Меган откако се откажаа од кралските должности се преселија во Ванкувер. Службено се откажаа на крајот на март, а потоа од Ванкувер се преселија во Лос Анџелес, родниот град на Меган, каде живее и нејзината мајка Дориа Рагланд.

Многумина сметаат дека причината за нивната преселба е желбата на Меган да ѝ се врати на глумата. Нејзината прва работа по осамостојувањето, е документарец на „Дизни“ за слоновите во кој таа го позајмува својот глас.

„Секогаш сакаше ваква слава, а не верувам дека ѝ било тешко да го нагори Хари на такво нешто. Не ѝ беше тешко да го наговори да се преселат во Лос Анџелес“, открил извор за странските медиуми и додал дека и самиот Хари бил фасциниран од филмските ѕвезди.

 

 

 

Scroll to Top