(Видео) Илон Маск има лажeн профил на „Инстаграм“ и призна дека му служи само за секс

Илон Маск има лажен профил на Инстаграм и признава дека му служи само за секс, ова признание тој го кажа додека беше гостин во подкастот на популарните јутјубери Нелк Бојс.

Тој откри дека има таен профил на Инстаграм кој му служи како „стапица за жед“, мислејќи на објавување или барање содржини со сексуално привлечни конотации.

Станува збор за термин кој се однесува на еден вид објава на социјалните мрежи наменети за сексуално привлекување гледачи. „Жедта“ на гледачот претставува сексуална фрустрација или очај. Стапицата се поставува со намерно објавување на провокативна содржина која мами реакција на друга, заинтересирана страна. Откако ќе реагира, личноста паднала во стапицата и ја признала својата „жед“, односно неговиот интерес или очајна потреба за вас.

Маск призна дека го отворил профилот за да кликне на различни врски, но искуството не му се допаднало.

Во интервјуто кое траеше нешто повеќе од три часа, тој го откри своето знаење за вонземјаните, го предизвика Путин на борба и ја предвиде третата светска војна. Меѓу другото, тој се осврна и на темата за социјалните мрежи, вклучувајќи ја и актуелната со Твитер и проблемот со слободата на говорот на социјалните мрежи.

Епизодата на подкаст со Маск беше објавена на YouTube на 5 август и собра речиси седум и пол милиони прегледи.

Scroll to Top