(Видео) Карантинот на Нејмар -Луксуз во Рио Де Жанеиро

Големите светски спортски ѕвезди карантинот го минуваат многу позабавно од обичните луѓе. Најскапиот светски фудбалер, Нејмар пред две и пол години премина од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра и купи луксузна вила и имот во Рио Де Жанеиро.

При ширењето на пандемијата во Франција, тој со приватен авион се врати во својата земја , во вилата во Рио.

Новиот карантин на Нејмар се простира на имот од 12.000 квадратни метри. Покрај фудбалски терен, вилата има уште два терени, за тенис и одбојка. Нејмар се забавува со своите најблиски и пријатели, а Европа воопшто не му недостига.

Во Бразил температурата е летна, па Нејмар може барем да ужива во домашен карантин, ако ова година го прескокна карневалот во Рио Де Жанеиро.

Scroll to Top