(Видео) Кавгата меѓу Хари и Бекамови и натаму трае, принцот само ги одмина Бруклин и Никол Пелтц на стадион во Лос Анџелес

Дека односите меѓу принцот Хари и семејството Бекамови не се идеални покажа и последното видео од стадионот во Лос Анџелес, каде принцот иако ги виде, само ги одмина најстариот син на Дејвид, Бруклин и неговата сопруга Никол Пелц.

Хари беше на стадионот БМО во Лос Анџелес, каде домаќините играа против тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами. Иако ги погледна, не се поздрави. Наводно пријателството со Бекамови се распаднало минатиот месец, откако Хари му се јавил на Дејвид ѝ го обвинил дека објавува информации за Меган.

Медиумите објавија детали за нејзиниот режим за убавина, а Меган била убедена дека изворот на медиумите е Викторија. За потсетување, Хари и Меган не беа ниту на венчавката на Бруклин и Никол во април, ниту на претставувањето на Лионел Меси во клубот на Дејвид Бекам.

Scroll to Top