(Видео) Казна за Исланд заради вењето на палестинските знамиња на Евросонг

Исланд ќе се соочи со казна откако нивниот претставник на Евровизија, групата „Хатари“, ги вееја палестинските знамиња за време на полуфиналната и финалната вечер.

„Ќе расправаме за можните санкции кои треба да ги добие Исланд. Евросонг не е политички настан и тоа што Исланѓаните го направија се коси со нашите правила. Наскоро челните луѓе на Евровизија ќе одлучат какви ќе бидат последиците за нив“, е објавено во соопштението од Евросонг испратено до јавноста.

Гестот со веењето на палестинските знамиња на техно-панк триото „Хатари“, публиката во салата го дочека со свирежи. Веењето на знамињата на претставниците на Исланд се случи во знак на револт против Израел и нивната окупација на палестински територии.

Веењето на палестинските знамиња, не им се допаднало на палесинското движење BDS (Boycott, Divestment, Sanctions), кое промовира разни облици на бојкот на Израел, поради окупацијата на палестинските територии.

Од таму велат дека со веењето на знамето, групата „Хатари“ ја минале црвената линија.

„Одбиваме таков гест со веење на знамињата. Вистинска солидарност ќе изразеа ако го откажаа својот настап во Израел“, изјавиле од BDS.

Исландскиот бенд пред настапот во втората полуфинална вечер на Евровизија го привлече вниманието со изјава дека е апсурдно да се настапи во Израел, поради политиката која оваа земја ја води кон Палестинците. За разлика од нивната прва изведба која мина без инциденти, во финалната вечер бендот се соочи со обезбедувањето.

На сцијалните мрежи се појави видео во кое едно од лицата од обезбедувањето им ги побарало знамињата.

Scroll to Top