(Видео) Кејт Мидлтон ја украси палатата со новогодишни украси

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, во пресрет на новогодишните и божиќни празници ја украсила Кенсингтонската палата. Пред нејзиниот дом, Кејт украсила 30 големи дрва со лампи и златни орнаменти.

Во меѓувреме во Бакингемската палата, три божиќни дрва биле поставени во просторијата Mable Hall. Просторот бил украсен со лампиони, црвени машни и голем број на кралски тематски украси.

Имало круни, кочии и венци со шарени топки. Огромно црвено и златно божиќно дрво е поставено во просторијата Throon room, покрај сликата на Чарлс II. Скалите исто така се накитени со машни, бели венци и осветлени лампи.

Божиќното дрво за кралското семејство имало специфично значење. Традицијата ја почнала кралицата Шарлот, сопругата на кралот Џорџ III. Таа го донела првото божиќно дрво во Англија во 1790 година. Тоа дрво се разликувало од ова сегашното, пишува британскиот магазин „Вог“.

Scroll to Top