(Видео) Кеjти Пери не ги бричи нозете откако стана мајка

Американската пејачка Кејти Пери ланското лето ја доби ќерката Дејзи Дав со својот свршеник Орландо Блум, поради што го занемари својот изглед.

Кејти во неделната епизода на „Американски идол“, каде што е членка на жирито, во коментар кон натпреваручка открила дека бричењето на нозете по раѓањето на бебето повеќе не е на нејзината листа на приоритети.

„Твојот глас е духовно искуство. Тој е од друг свет, ангелски. Како нова мајка, немам многу време, па престанав да ги бричам нозете. Но, кога пееше, влакната на нозете се искачија 5 сантиметри. Чувствував морници по целото тело. Неверојатно“, рече пејачката.

Пери подоцна објави анимирана слика со влакнести нозе на „Твитер“ и напиша: „Вистинскиот изглед на моите нозе кога ја слушам Касандра како пее“.

 

Scroll to Top