(Видео) Контроверзниот британски новинар Пирс Морган открил 17 лаги на Меган и Хари во интервјуто кај Опра

Контроверзниот британски водител Пирс Морган ги уловил принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл како ја лажат јавноста, во интервјуто кај Опра Винфри. Тој вели дека открил 17 лаги на двајцата во разговорот со популарната американска водителка.

За потсетување, Морган по таквото интервју, подоцна си поднесе оставка од неговото место во емисијата „Добро утро Британијо“. Тој отказот го даде во емисијата која се снимала во живо.

Сега во интервју за „Фокс њуз“, кај негов колега, друг контроверзен водител, Такер Карлсон, вели дека поранешната војвотка целосно забегала во интервјуто со Опра.

„Седумнаесет различни тврдења се или целосно неточни, или преувеличени, или пак не можат да се докажат“, изјавил Морган и додал дека не му е јасно зошто тој би треба да им верува на тврдењата на Меган и Хари.

„Тоа интервју е толку со луди изјави, што би можело да се каже дека е исто како јас да верувам во Пинокио“, изјавил Морган, кој не прецизирал на кои 17 лаги мисли.

Меган и Хари во интервјуто кај Опра се пожалија дека некои од членовите на кралското семејство се загрижиле дека нивниот син Арчи ќе има темен тен, затоа што Меган е мелеска.

Меган исто така откри дека на моменти размислувала да се самоубие и дека никој од кралското семејство не ѝ помогнал. Двојката исто така раскажа дека тајно се венчале пред официјалната церемонија во Виндзор, но подоцна се утврдило дека тоа е лага.

Исто така Меган тврдела дека Арчи поради тоа што е од мешан брак, ќе биде прескокнат во редот за титулата принц. Тоа го наложувало законот кој бил усвоен во време на кралот Џорџ Петти, кој вели дека само потомците, оние кои се во директна наследна линија, можат да се наречат принц или принцеза.

Тоа практично значи дека само најстариот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, може да биде принц.

Меган раскажа и дека 20 години немала никаков контакт со нејзината полусестра и дека израснала како единка, нешто што подоцна се покажало како неточно, затоа што исплива фотографија од Меган и Саманта од нејзината матура во 2008 година.

Меган исто така раскажа дека ништо не знаела за кралското семејство пред да го сретне Хари, за потоа нејзините пријатели да велат дека таа детално ги истражила сите членови и била фасцинирана од нив, особено од мајката на Хари, принцезата Дајана.

Таа пишувала за нив на нејзиниот блог, кој подоцна го згаснала. Хари кој со Меган се преселија во САД и се откажа од сите кралски должности и обврски, се пожалил дека семејството целосно го отфрлило финансиски.

Но, кога најавија дека ќе се повлечат од кралските должности, двојката изјави дека тоа го прават, затоа што сакаат да бидат финансиски независни. Принцезата Дајана на Хари му има оставено 13 милиони фунти, а се верува дека и од неговата баба, кралицата Елизабета втора, исто така добил милиони фунти.

Kurir.rs/K.P.

Scroll to Top