(Видео) Кристина Агилера падна на сцената на концерт во Русија

Американската пејачка Кристина Агилера падна на сцената на концерт во Русија во Санкт Петербург. Пејачката се лизна слегувајќи по скаите.

Несреќата што ѝ се случи ја  забележаа нејзините обожаватели кои беа во првите редови, а снимката се појави на социјалните мрежи.

За среќа Агиера заврши без повреди, а танчарите на сцената веднаш се упатија да ѝ помогнат. Пејачката веднаш застана на нозе и го продолжи концертот како ништо да не се случило.

Scroll to Top